Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Нови е-услуги за студенти – пополнување образци со неколку клика, побрзо и поедноставно

Со само неколку клика од телефон или компјутер, отсега студентите ќе можат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со само неколку клика од телефон или компјутер, отсега студентите ќе можат да ги пополнуваат образците за пријавување со лични податоци на факултетите и високите стручни школи. Министерот Андоновски и директорот на статистика, Станков појаснија дека новите услуги имаат за цел да го поедностават процесот на доставување статистички податоци за високото образование и да овозможат побрза и поефикасна размена на информации меѓу институциите.

Новите образци важат за дипломирани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи, за лицата што стекнале назив магистер-специјалист и за лица доктори на науки што одбраниле докторски труд. Новите услуги се пуштени во употреба веќе од 1 парил и се достапни на електронскиот портал за е-услуги. 

„Оние статистички листови и образци кои се пополнуваат на студентски прашања кои  што имаат 8 или 9 страни кои што секој требаше рачно со пенкало да ги внесе своите податоци потоа факултетот да ги собере сите овие податоци и да ги донесе во ДЗС, па ДЗС да ги внесе во своите системи да ги анализира, ги прескокнуваме сите овие чекори, и студентот со едноставно влегување на својот  профил, прво ќе му се препополнат сите податоци кои доаѓаат од централниот регистар, од место на раѓање име презиме и така натаму, а потоа тој со неколку клика ќе ги допополни сите информации кои му се потребни на ДЗС за овие статистички податоци, јас правев кратка анализа времето од 10 минути на пополнување на студентот се намалува на минута, минута и пол“, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Реклама

Студентите на многу поедноставен лесен и брз начин ќе можат да ги пополнат овие образци, а истовремено на овој начин се олеснува работењето на факултетите се намалуваат трошоците на работите и се намалуваат административните бариери“, изјави Дејан Станков – Директор на Државен завод за Статистика.

Андоновски нагласи дека порталот за електронски услуги веќе е стабилизиран на бројка од 10 илјади услуги, кои се достапни на граѓаните на месечно ниво, што е раст од 10 пати, во споредба со 2024 кога се формираше министерство, a почетн ата бројка на услуги беше 1.400.

Од Министерството за дигитална трансформација посочуваат дека дигитализацијата на овие услуги е дел од пошироката стратегија за модернизација на јавната администрација и за подобрување на пристапот до јавните услуги преку интернет и дека на овој начин целосно се затвора пакетот услуги за високото образование.