Нови четири случаи на големата кашлица се регистрирани во Скопје и тоа 11-месечно бебе, четиригодишно дете и две деца на 11 и 14 годишна возраст, информираат од Центарот за јавно здравје. Во Скопје досега има 124 пациенти заболени со пертусис, поради што денеска ќе заседава Комисијата за заштита од заразни болести. Комисијата ќе треба да одлучи дали ќе има нови мерки и препораки по зголемувањето на бројката на новозаразени.