Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Нови 9 штипјани заразени со корона- дали Штип станува главно жариште на Ковид 19?

Нови 9 случаи на заразени од корона во Штип, седум се текстилни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови 9 случаи на заразени од корона во Штип, седум се текстилни работнички-потврдија денес од штипскиот Центар за јавно здравје. . Со новите, бројот на инфицирани се искачи на 17. Сите се од иста конфекција. Но денешните бројки не се совпагаат со официјалните податоци кои ги објави министерството за здравство. Според нив во штип има само 4 новозаболени. Различните бројки се должат на пресекот што го прават во текот на денот. Во мегувреме над стотина текстилни работнички се во самоизолација. Од нив, над дваесетина се од соседната општина Карбинци. Се очекува овој број и понатаму да расте. Утврдено е дека со ист автобус се превезувале работнички од три конфекции.

Опозицијата побара најитно прогласување на кризна состојба во градот. Според нив новонастанатата состојба се должи на одлуки на власта кои се апсурдни. Од една страна велат тие, се забранува превоз на повеќе од три лица во автомобил, а од друга страна не го регулираат превозот на работниците.

И штипските епидемиолози алармираат дека по укинувањето на полицискиот час во државата вчера и денес низ Штип е забележана поголема раздвиженост. Неофицијално рекоа дека ќе побарат евентуално воведување на порестриктивни мерки во градот.

Реклама

Александра Ристевска