Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Нова скандалозна одлука: Апелација го одби барањето на уставобранителите, нема да има ново судење за 27-ми април?

Скандалозна одлука на скопска Апелација. Судот го одби барањето на осудените за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалозна одлука на скопска Апелација. Судот го одби барањето на осудените за случајот 27-ми април, кои бараа постапката да се повтори. Со ова пропаѓа нивната надеж дека ќе успеат да издејствуваат нов судски процес, во кој би ги образложиле своите аргументи дека не се терористи и би добиле слобода. Со оваа одлука Апелација го потврди решението на Кривичниот суд донесено на 15-ти декември минатата година, со кое судот одлучи дека нема законски простор за повторување на постапката. Жалбата е отфрлена како неоснована.

„Образложеното решение не содржи такви недостатоци поради кои што не би можело да биде испитано во однос на неговата правилност и законитост, изреката на решението е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за решителните факти и заземени правни ставови на судот“ – Апелационен суд Скопје.

Обвинетите во повеќе наврати се изјаснија дека бараат повторно судење за да излезат на слобода и да добијат правда, а не амнестија. Сепак, од Апелација сметаат дека немало доволно изнесени факти поради кои тие би излегле на слобода или пак, би им се намалила казната.

Реклама

„Судот правилно оценил дека изнесените факти не се подобни да причинат ослободување на лицето што било осудено или негова осуда по поблаг кривичен закон. Советот не може да се впушти во оценување дали во конкретниот случај од страна на судијата или јавниот обвинител, се сторени кривични дела кои се застарени, како и тоа дали исказот на загрозениот сведок бил лажен“ – Апелационен суд Скопје.

За упадот во Собранието на 27-ми април 2017 година во затвор се 16 уставобранители, кои се осудени на вкупна затворска казна од над 200 години и тоа како терористи. За експертите, но и за целокупната јавност нивното судење беше класичен пример за политички монтиран процес полн со политички влијанија, неправда и кршење не човековите права и слободи. Тоа што македонските судови со години како да не сакаа да го видат, многу јасно го видоа во Стразбур. Тамошниот суд за човекови права, пресуди во корист на обвинетите. Од таму има неколку пресуди кои ги потврдија аргументите на одбраната за политичко гонење на обвинетите за настаните од 27-ми април.