Реклама

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Македонија

Нова канлизација се гради во гевгелиско Мрзенци

Нов фекален канализационен систем во должина од 800 метри, кој треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов фекален канализационен систем во должина од 800 метри, кој треба да ги собира отпадните води од објектите, се гради во населеното место Мрзенци, Гевгелија.

Со реализацијата на зафатот, по должината на улицата „Александар Бел“ ќе се обезбеди целосно покривање со систем за одведување на отпадни води, велат од општината, а со тоа очекуваат подобрување на комуналната инфраструктура во населеното место.

Општинските власти најавија дека по завршувањето на фекалната канализација, предвидено е да се гради и нов водоснабдителен систем на истата улица.

Реклама

Во истиот период, Општина Гевгелија ја заврши и реконструкцијата на влезната улица во населеното место Моин. Обновата на влезната улица е завршена во рамките на проект во соработка со Министерството за транспорт, а како што соопштија од општината, при зафатот е отстранета старата бетонска подлога и поставен е нов асфалт на улицата и на неколку нејзини краци, во вкупна должина од околу 550 метри и површина од 1.800 квадратни метри.