Започна изградбата на нова фекална канализациска мрежа на крак од улица „19“ во населено место Илинден, во вкупна должина од околу 540 метри. Со реализација на проектот ќе бидат создадени услови за приклучување на околу 80 домаќинства на канализациската мрежа, со што значително ќе се подобри комуналната инфраструктура и квалитетот на живеење на жителите во овој дел од општината, информираат од Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека инвестициите во изградба и проширување на канализациската мрежа остануваат еден од приоритетите на локалната самоуправа, со цел обезбедување современа и функционална инфраструктура за сите населени места.
Најави дека Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на проекти за изградба и унапредување на комуналната инфраструктура, согласно потребите на граѓаните и предвидените развојни програми.

