Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Економија

Нова инвестиција вредна 1 милијарда евра, се потпиша меморандум со „Казанџи Груп“ инвестиција која ќе ја зголеми стабилноста и независноста на енергетскиот сектор

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „Инвестициите во енергетиката се клучниот двигател за економскиот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„Инвестициите во енергетиката се клучниот двигател за економскиот и општествениот развој на државата. Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во енергетиката, во домашното производство на енергија и во современа и одржлива енергетска инфраструктура.

Со цел Македонија да стане енергетска раскрсница на Балканот секојдневно се работи на нови инвестиции во енергетиката. Се потпиша моморандумот со компанијата „Казанџи груп“ којашто е светски гигант во енергетиката. „Казанџи Холдинг“, е водечка турска компанија со преку 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од над 3,500 MW во осум држави и е активна во 22 земји на четири континенти.

Реклама

Во Македонија „Казанџи груп“ ќе инвестира 1 милијарда евра за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво.

Проектот опфаќа три главни компоненти, развој на нови капацитети за производство на електрична енергија, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас и мерки за зголемување на сигурноста во снабдувањето со гас.

Овој проект ќе даде допринос во сигурноста и безбедноста на електродистрибутивниот систем и ќе ја зајакне енергетската стабилност на државата. Со овие инвестиции ја намалуваме зависноста од увоз и влијанието на надворешните фактори. Дополнително со реализација на вакви проекти се отвораат нови работни места и нови можности за соработка на компаниите.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на привлекување на нови странски инвестиции со цел Македонија да стане стратешки енергетски центар на Балканот.

Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија.“