Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Нова генерација питомци и слушатели положија заклетва на Воената академија

Со полагање на свечена заклетва 59 питомци и слушатели од Kурсот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со полагање на свечена заклетва 59 питомци и слушатели од Kурсот за офицери и штабни службеници станаа дел од македонската Армија. Заветот дека ќе го бранат тетриторијаниот интегритет и суверенитет на Македонија дадоа 31 питомец и 28 слушатели.

Добро е што академијата е отворена не само за апликантите од земјава туку и за оние од надвор – вели претседателката на државата и врховен командант Гордана Сиљановска-Давкова.

Униформите кои гордо ги носите нека ве потсетуваат на одговорноста и вредностите кои ги браните затоа што вие припаѓате на едно големо армиско семејство – им порача министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Реклама

Деканот на воената акедмија на 29-та генерација питомци и слушатели им порача дека дале заклетва пред себе и својата историја, дека ќе ја чуваат Македонија со дисциплина, одговорност и љубов.

На свечената заклетва во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ присуствуваа началникот на Генералштабот на армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, високи претставници од Министерството за одбрана и армијата, претставници од воено – дипломатскиот кор.

Давид Крстевски