Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Нова фабрика на „Макрогрес“ од 8,5 милиони евра, Мицкоски најави поддршка за домашните бизниси

Нова фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“, инвестиција од 8,5 милиони евра, пушти во употреба денеска компанијата „Макпрогрес“ во присуство на премиерот Христијан Мицкоски.  Генералниот директор на „Винчини“, Глигор Цветанов, информира дека инвестицијата од 8,5 милиони евра е од сопствени средства и кредити од комерцијалните банки, вклучително и дел кредити од унгарската линија, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“, инвестиција од 8,5 милиони евра, пушти во употреба денеска компанијата „Макпрогрес“ во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. 

Генералниот директор на „Винчини“, Глигор Цветанов, информира дека инвестицијата од 8,5 милиони евра е од сопствени средства и кредити од комерцијалните банки, вклучително и дел кредити од унгарската линија, која ја обезбеди Владата.

– Покрај првичните 40 вработувања, од кои некои се од постојните вработени, а други нови, в година се планирани уште 40 бидејќи ќе се удвои капацитетот на производство – најави Цветанов. 

Реклама

Објектот, како што рече, е изграден за шест месеци, а располага со две современи производни линии за производство на вафли и сродни кондиторски производи наменети за домашниот и за странските пазари. 

Премиерот Христијан Мицкоски најави натамошна поддршка за домашните бизниси чие производство е наменето за извоз. Потенцирајќи дека „Макпрогрес“ од скромен семеен бизнис прерасна во регионален гигант со промет од над 40 милиони евра и сега има 670 вработени. 

– Компанијата е еден од темелите на македонската кондиторска индустрија. Како Влада ќе сториме сè што можеме за да помагаме ваков бизнис бидејќи 80 проценти е наменето за извоз. Ги сушнавме амбициите и целите и ќе сториме сè како Влада да помогнеме да бидеме додадена вредност во делот на реалзиација – рече Мицкоски.