Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Нова фабрика на „Макпрогрес“ – 80 проценти од производството ќе биде наменето за извоз.

Со инвестиција од 8,5 милиони евра, компанијата „Макпрогрес“ ја пушти во употреба новата фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“. Средствата се обезбедени преку сопствени извори, банкарски кредити и унгарската кредитна линија на Владата. Новиот производствен погон е изграден неполна година по пожарот што зафати дел од фабричкиот комплекс. Фабриката е изградена за шест […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со инвестиција од 8,5 милиони евра, компанијата „Макпрогрес“ ја пушти во употреба новата фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“. Средствата се обезбедени преку сопствени извори, банкарски кредити и унгарската кредитна линија на Владата. Новиот производствен погон е изграден неполна година по пожарот што зафати дел од фабричкиот комплекс. Фабриката е изградена за шест месеци и располага со две современи производни линии.

„Инсталиравме две производни линии и веќе се во функција. До 40 вработувања сега, а планираме дополнително 40 следната година, бидејќи овде е предвидено да се дуплира капацитетот на производство. Она што е карактеристично е дека инвестицијата е најнова технологија за нов тип на производи“, изјави генералниот директор на Винчини, Глигор Цветанов.

Премиерот порача дека Владата ќе продолжи со поддршка на домашните компании, оценувајќи дека оваа фабрика претставува успешна приказна како еден мал семеен бизнис се трансформирал во производител со годишен промет од над 40 милиони евра.

Реклама

„Компанијата навистина претставува еден од фундаментите, темелите на македонската кондиторска индустрија. Ние како Влада ќе сториме сè што можеме за да помагаме ваков тип бизниси, бидејќи околу 80% од вкупното производство е практично наменето за извоз“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Во фабриката „Винчини“ работат 670 работници. Пожарот што избувна во септември минатата година зафати дел од производствените капацитети, по што компанијата започна со брза обнова и реконструкција на погоните.