Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

🎥 Нов план за решавање на сообраќајниот хаос на Клинички

Целосна дигитализиација и модернизација на паркингот на Клинички – најави министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целосна дигитализиација и модернизација на паркингот на Клинички – најави министерот за здравство Азир Алиу.Наместо изградба на нови катни гаражи ќе се реорганизира просторот околу комплексот клиники “Мајка Тереза“ со физичко ослободување на паркинг места – ова е новиот план на надлежните за решавање на сообраќајниот хаос во најголемиот здравствен центар во Македонија.Со паркингот ќе стопанисува ЈП “Јавни паркинзи – Скопје” Според Алиу, оваа опција ќе чини помалку пари, а ќе донесе подобри резултати за пациентите и вработените. Алиу најави и нови цени за паркингот на Клинички, но не кажа прецизно колку би чинело од еден час. Ценовникот ќе биде различен за пациентите и за вработените.

“Ќе има четири различни влезови на новиот паркинг на Клинички, односно за онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен, за пациенти со упат влезот ќе биде евтин, не знам колку е сега за да компарирам, за вработени ќе има трета цена и за граѓани кои доаѓаат поради икс причини ќе биде трета цена која што ќе биде најскапа. Ценовникот на паркингот нема да биде ист за сите, почнувајќи од нула денари до цени за граѓани кои што не се пациенти” вели Алиу.

Ќе има нови рампи, а ќе бидат отворени и дополнителни влезови еден од нив ќе биде директниот влез на Кардиологија. Излезите од комплексот ќе бидат исти.

Реклама

“Ќе бидат отворени дополнителни влезови, еден од нив ќе биде отворен на Кардиологија за да може пациентите кои што имаат потреба од интервенција во таа Клиника да може директно таму да влезат. Излезите ќе бидат исти, бројот на паркинг места ќе биде дупло поголем од сега, поради оптимизацијата на просторот. Сега за сега, нема да има изградба на нов тврд или монтажен објект, бидејќи цениме дека со оваа оптимизација бројот на паркинг места ќе биде повеќе од доволно”, рече Алиу.

Како краткорочна мерка на Алиу која беше презентирана пред два месеци беше пренасочувањето на вработени од клиниките да паркираат на приватен паркинг за да бидат ослободени 300 до 500 места за пациенти. Долгорочната идеја засега е оптимизација на просторот околу дворот на Клиниките.

Сообраќајниот хаос на Клинички е проблем кој се влече со години и досега и покрај ветувањата ниеден министер не нашол соодветно решение.