Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Нов центар за размена на младински идеи и обуки отворен во Валандово

Заеднички простор во кој младите валандовци ќе се среќаваат за соработка и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заеднички простор во кој младите валандовци ќе се среќаваат за соработка и размена на идеи, како и за обуки и предавања, се отвори во објектот на кино салата во Валандово, од страна на здружението на граѓани ”Исчекор – Општество за сите”.

Овој центар за млади кој ќе го користи просторот на првиот кат на кино салата ќе работи под називот ,”Младински претприемачки хаб”, а според невладината организација од Валандово е наменет за млади креативци, идни претприемачи и визионери кои сакаат своите идеи да ги претворат во реални проекти и успешни бизнис приказни.

Оттаму најавуваат дека во новиот простор ќе се организираат повеќе обуки на актуелни теми за млади, ќе се обезбеди менторство од искусни претприемачи, и тука младите ќе можат да работат на своите идеи во креативна и мотивирачка средина.

Реклама

Од невладината организација велат дека се отворени за секакви соработки, без оглед дали е тоа работилница за цртање, краток курс за плетење или т.н. хаб за споделување рецепти за слатки, а на учесниците им нудат можност да создадат нови контакти, партнерства и соработки со младите од општината, регионот и надвор од државата.

Отворањето на Младински хаб во Валандово е дел од проектот “Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации”, со подршка од ИПА програмата.