Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Нивото на водата на Охридското Езеро над просекот за овој период

Охридското Езеро во добра „кондиција“ ќе влезе во новата календарска година, кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охридското Езеро во добра „кондиција“ ќе влезе во новата календарска година, кога станува збор за состојбата со водостојот. Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на водата во езерото се наоѓа на котата 693,39 метри надморска височина што е седум сантиметри над просекот (693,32) за овој период од годината.

Инаку, до само пред еден месец нивото на водата во езерото беше под просекот, а продолжениот сушен период во текот на летото и поголемиот дел од есента резултираше одреден период водостојот на езерото да биде и под номинативниот минимум утврден на котата од 693,10 метри надморска височина. 

Состојбата значитечно се подобри кон крајот на ноември и почетокот од овој месец, кога исклучително врнежливиот период и интензивните дождови придонесоа за забележлив раст на водостојот во Охридското Езеро.

Реклама

Осцилацијата на нивото на водата во езерото од само неколку сантиметри во најголема мера се манифестира во литоралниот дел односно на крајбрежјето што е најгусто населен со животински и растителни видови. Таквите осцилации значително неповолно влијаат врз флората и фауната на целокупниот езерски еко-систем.