Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Прилози

Никовски: Уставните измени нема да бидат последна уцена од Бугарија – пречката е преговарачката рамка

Уставните измени сами по себе нема да ја однесат Македонија во Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставните измени сами по себе нема да ја однесат Македонија во Европската Унија. Главниот проблем, според поранешниот амбасадор Ристо Никовски, не е Уставот, туку преговарачката рамка со ЕУ. Тој смета дека Македонија треба да го откаже Вториот протокол со Бугарија и да побара промена на преговарачката рамка, бидејќи и по евентуалните уставни измени остануваат механизми преку кои Софија може да го блокира евроинтеграцискиот процес. Никовски оценува дека пречките за членство се вградени во документите договорени со Брисел и Софија. Според него, дури и ако се усвојат уставните измени, процесот нема да биде завршен, бидејќи следуваат нови фази и ратификации од сите земји членки на ЕУ, во кои Бугарија повторно би можела да стави вето.

Македонија е на потег, по промената на власта вокабуларот кој се користи е различен, недостасува акција. Ако не преземеме акција, Македонија може засекогаш да го отпише членството во ЕУ. Единствен излез е тоа, Македонија нема друг излез. Дипломатија е тоа – меѓународните договори се потпишуваат, да не наведуваме примери, Американците напуштија и се откажаа од три светски договори. Ако нешто ветите и преземете обврска, вие немате друг излез и друг избор – или да ја извршите обврската или да ја откажете, вели Ристо Никовски – поранешен амбасадор

Во пресрет на посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на Скопје во вторник, поранешниот амбасадор Ристо Никовски не очекува значителен исчекор во евроинтегративниот процес. Тој смета дека Кошта е добронамерен и свесен дека Македонија се наоѓа во ќорсокак, но оценува дека станува збор за преземени обврски и направени грешки од минатата власт кои сега тешко можат да се надминат. Никовски не е оптимист, ниту очекува посетата на Кошта да донесе некој позитивен абер или промена на ставовите на ЕУ.

Реклама

Кошта е добронамерен и свесен дека Македонија е во ќорсокак, но се работи за наши грешки и прифатени обврски кои не се исполнливи. Глаголив ќе биде, но ништо не значи – тој е формален шеф таму. Но одлуките се донесуваат од сите 27 членки, а нивниот став, под влијание на туѓи позиции, е дека или Македонија ќе го промени Уставот, или нема да има перспектива. Зависи од нас каде ќе стигнеме, вели Ристо Никовски – поранешен амбасадор/.

Самитот ЕУ–Западен Балкан ќе се одржи на 5 јуни во Тиват каде ќе се дискутираат различни предлози како оној на Мерц и нон-пејпери за забрзување и нови модели на проширување кон Европската Унија. Во пресрет на самитот разликите меѓу Скопје и Софија остануваат непроменети. Откако бугарската министерка за надворешни работи порача дека Бугарија нема да отстапи од договореното во 2022 година, премиерот Мицкоски возврати дека Македонија нема да ги помести своите позиции се додека нема конкретни чекори од бугарска страна. Тој повтори дека Софија не ги исполнува своите обврски, оценувајќи дека бугарските барања претставуваат уцена политички притисок и булинг.