Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Прилози

Никоски: Резолуцијата на Филипче е „разболи се, па лечи“ наместо да ја спречи болеста

Неприфатлив е предлогот на опозицискиот лидер Венко Филипче за донесување нова резолуција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неприфатлив е предлогот на опозицискиот лидер Венко Филипче за донесување нова резолуција за македонските црвени линии во европските интеграции, бидејќи внесување на бугарско малцинство во македонскиот Устав е Тројански коњ. Поранешниот амбасадор Ристо Никоски, е дециден дека токму власта предводена од партијата на Филипче, ја погази Декларацијата која веќе беше изгласана во македонското собрание. Сега, какви било документи не можат да го променат тоа што претходно македонските власти го прифатија на штета на македонскиот идентитет и историја.

  • Се обврзавме, под ултиматум, да менуваме Устав и да ставаме непостоечки Бугари во Уставот. Оваа резолуција не само што е игнорирана, туку се оди на нешто што е нелегално и неприфатливо. И не само тоа, за нас моментално воопшто клучен проблем не е промената на Уставот, што никако не треба да се направи, во никој случај, бидејќи сеработи за Тројански коњ. Клучен проблем е преговарачката рамка која зависи од вториот протокол а преку него одлуките на Историската комисија. Овие зборови се апсолутно неприфатливи тоа е една чиста лага и мислам дека премиерот на еден убав начин, дури и доста воздржан му одговори“ коментира Ристо Никоски – Поранешен амбасадор..

Според поранешниот амбасадор, тактика на власта е преку преговори со челници во Брисел да се бори со аргументи кои се на Македонска страна.

  • Суштината во дипломатијата, е да се спречи, а не да се лечи. Ова што предлага опозицијата е ние да се разболиме па ќе се лечиме. Бугарија нема никогаш да дозволи Македонија да влезе во ЕУ, доколку не расчистиме со вториот протокол… Мислам дека тоа е тактитка на власта, бидејќи е свесна дека Брисел нема да промени ништо, бидејќи сите пораки кои доаѓаат од таму се „преземавте обврска исполнете ја“. Затоа или исполнете ја или откажете ја. Затоа Македонија нема друг излез отколку да го откаже вториот протокол преку Уставниот суд, со тоа паѓа во вода, ултиматумот ставете непостоечки Бугари во Уставот, а со тоа и преговарачката рамка на која на две места се повикува и споменува вториот протокол“ коментира Ристо Никоски – Поранешен амбасадор.

Премиерот Мицкоски децидно го одби предлогот на опозицискиот лидер Филипче, кој бара во Собранието да биде изгласана заедничка резолуција за евроинтеграциите со нашите „црвени линии“ и дека доколку се повтори вето од Бугарија да ги прекинеме преговорите со ЕУ. Претседателот на Владата пак го потсети дека при изгласан таков документ во македонскиот парламент, тогашната власт го погази и ги прифати сите ултиматуми кои ги постави Софија.