Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега – скандалот со ИПАРД средствата

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер, Љупчо Николовски, реагира на срамниот одговор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер, Љупчо Николовски, реагира на срамниот одговор на министерот Трипуновски за скандалот со суспензијата на ИПАРД средствата, кој воопшто и не содржи никакви информации ниту пак одговори, стои во соопштението на СДСМ.

„Срамен и скандалозен „одговор“ добив од Министерството и Министерот во заминување на моите официјални барања. Барања во кои побарав јасно и конкретно:

* причините за суспензијата на ИПАРД,
* времетраењето на блокадата,
* бројот на загрозени корисници,
* последиците за земјоделците,
* и планираните чекори за надминување на кризата.

Реклама

Наместо одговор на овие пет клучни точки, добив документ кој воопшто не одговара на ниту едно прашање. Нема факти, нема рокови, нема план. 

Собранието е понижено со ваков однос од министер кој и понатаму молчи, бега од пратенички прашања и одбегнува какво било соочување.

А додека тој бега, земјоделците остануваат со блокирани исплати, блокирани проекти и замрзнати 130 милиони евра, без ниту една информација кога и дали проблемот ќе биде решен.

Како претседател на Комисијата ќе продолжам да барам вистински одговори, затоа што институциите не смеат да молчат, а земјоделците не смеат да бидат оставени сами.“ стои во објавата на Николовски.