Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Николовски: Николиќ ќе добие нов лик со подобрено електрично снабдување, нова патека и уредена плажа

Министерот за транспорт и потпретседател на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски вечерва…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за транспорт и потпретседател на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски вечерва го посети населеното место Николиќ на брегот на Дојранското езеро, каде разговараше со жителите за потребните инфраструктурни проекти кои што треба да се реализираат во овој регион.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека Николовски како прв приоритет го посочил правилното снабдување со електрична енергија, со оглед на растот на населбата и зголемениот број на нови куќи и викендици.

Вториот проект којшто го посочил Николовски е изградба на осветлена пешачка патека, која ќе води од Николиќ до плажата и ќе претставува нова туристичка атракција. Третата активност, пак, се однесува на уредување на плажата, која ќе добие концесионер со обврска да ја уреди и да ја претвори во атрактивна туристичка дестинација.

Реклама

– Најбитно е правилно снабдување со електрична енергија, имајќи предвид дека Николиќ се шири, расте со многу нови куќи, многу нови викендици, потребно е овој проблем да се реши и ќе разговараме со сите соодветни институции. Второто е изградба на патека којашто ќе е осветлена соодветно со канделабри, која што ќе е туристичка атракција, која што ќе води од Николиќ до плажата на Николиќ и трето е уредување на плажата којашто ќе добие концесионер којшто ќе има обврска убаво да ја уреди и да стане една нова туристичка атракција, вели Николовски.

Министерот исто така најави изградба на културен дом за слободно време на жителите и подобрување на условите за претшколско згрижување, со цел полесно однесување на децата во градинката.

– Убеден сум дека Илија ќе биде новиот градоначалник на Дојран и дека заеднички ќе можеме да ги реализираме овие проекти. Владата стои позади него за решавање на сите активности за кои зборувавме, изјави Николовски.