Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Николоски: Железничкиот коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан и за цела Европа. Овој Договор за изградба на заедничкиот тунел е сон на многу генерации, историјата сакаше јас и вицепремиерот Караџов да го потпишеме, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8, што се случи на железничката станица во Ѓуешево.

Вицепремиерот Николоски потенцираше дека ова е многу значаен коридор за Македонија бидејќи ја поврзува земјата со две мориње и има огромо влијание врз зголемување на конкурентност на домашната економија. Во исто време овој коридор има и огромно безбедносно значење за НАТО Алијансата, рече вицепремиерот Николоски.

– Овој Дoговор е сон на генерации од двете страни на границата, нешто за што сме читалe, нешто за што сме учеле, а тоа дека двете држави, двата главни градови треба да се поврзат со железничка врска. Ние сме силно посветени на неговата изградба и модернизација. Ќе работиме многу сериозно, ќе работиме многу посветено и се надевам дека и за брзо време ќе ги видиме резултатите. Јас не сакам да давам ветувања, но она што можам да го ветам е напорна работа и посветеност. Ова е коридор и од безбедносно значење, во услови кога во 21 век се случува нешто што не можевме да го замислиме, имаме војна недалеку воздушно од тука, агресијата врз Украина. И затоа овој коридор е многу значаен кој што е помош на Алијансата со цел да може да помогне на Украина да ја одбрани својата сувереност и територијална целовитост, изјави Николоски.

Реклама

Во однос на финансиската конструкција на целиот источен коридор 8, вицепремиерот Николоски истакна дека средствата се обезбедени.

– Средствата се обезбедени. Првата фаза е завршена и ставена во функција оваа година. Втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка се работи во моментов, рокот за изградба е октомври 2026 година. Морам да кажам дека не сум задоволен од изведувачите, но со нашите партнери од ЕБРД ќе бараме заедничко решение како да го надминеме овој проблем. Третата фаза од Крива Паланка до границата се надевам дека со напорна работа со ЕИБ, ЕБРД и со ЕУ, во тек на месец декември да се распише претквалификација за избор на изведувач и избор на надор. Во однос на финансиите, најмалку буџетот за железницата од Куманово до границата е околу 810 милиони евра, за што 200 милиони се грант од ЕУ. Од Куманово до Бељаковце чинеше 79 милиони евра, од Бељковце до Крива Паланка треба да чини 155 милиони евра ако останеме во овој буџет. Од Крива Паланка до граница е околу 455 милиони евра и дополнително имаме 110 милиони евра за сигнализација и електрификација од Куманово до границата, со цел кога ќе се заврши цел коридор да имаме најмодерна сигнализација, истакна вицепремиерот Николоски.

Тој најави дека во скоро време ќе го покани и вицепремиерот Караџов во Македонија на завршување на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, како и на отпочнување на градежните работи на пругата од Крива Паланка до границата.