Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Економија

Николоски: За две недели Договорот ќе оди на ратификација во Собрание, од есен започнуваме со градежните работи на терен

За две недели Собранието очекувам да го ратификува договорот, а веќе доцна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За две недели Собранието очекувам да го ратификува договорот, а веќе доцна на есен да започнат и градежните работи на терен за проектите кои ги имаме прецизирано, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Како што најави тој, ќе се запази процедурта на Законот за јавни набавки и ќе се промени принципот на компетитивен дијалог за да се добијат најдобри цени.

-По потпишувањето кое што се случи, одиме на ратификација во Собрание и се надевам дека тоа ќе биде во следните 10 до 14 дена, во Велика Британија тоа е многу поедноставо само во Влада поминува договорот. По ратификацијата влегуваме во официјални разговори во реализација на проектите на оние кои што се веќе дефинирани а тоа е брзата пруга, болниците, факултетот и студентскиот дом. Ќе одиме во една процедура која комплетно ќе го запази Законот за јавни набавки, ќе одиме во таканаречен компетитивен дијалог. Единствениот услов кој што го поставува Велика Британија е 30 % од компонентата да е од Велика Британија и носителот да е од Велика Британија, други ограничувања немаме. Откако ќе се одбере оној кој би го изведувал, а ќе добиеме најдобри цени за проекти од било што друго претходно, паралено ќе работиме на обезбедување на финансирање, така што очекувам до крај на летото да ги имаме овие два пакети завршено. После тоа неколку месеци природно е да им дадете за мобилизација и доцна есен да почне да се работи”,истакна вицепремиерот Николоски.

Реклама

Во однос на рокот на важност на Договорот тој доаде:

-Во рамки на Договорот тоа е стандард, има рок од 10 години на важење на Договорот но тој не се однесува на должината на проектите, проектите се подолги во однос на финансирањето. Исто така Договорот е јасен, доколку двете страни немаат против, Договорот продолжува да важи така што јас очекувам многу подолго од 10 години да трае ова партнерство меѓу Македонија и Велика Британија, истакна вицепремиерот Николоски.