Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Николоски: За две и пол години ќе имаме завршен автопат Тетово-Гостивар

Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово-Гостивар, дел од коридор 8. За две…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово-Гостивар, дел од коридор 8. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на почетокот на градежните работи.

Автопатската делница ќе биде долга 17,5 километри, а вредноста ќе изнесува околу 90 милиони евра. Прoeктот предвидува шест сообраќајни ленти, три во секој правец, односно две возни ленти и една за застанување.

Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Реклама

“Навистина е задоволство кога се почнуваат нови проекти. Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово-Гостивар. Ова десно од нас, ние сите го нарекувавме автопат во минатото, но не беше автопат, беше еден експресен пат. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава. Сакам да споделам два факти со вас. Во јуни 2024 година кога беше формирана оваа Влада, вкупно беа експроприрани 560 парцели на трите делници. Денеска во април 2025 година имаме 2497 парцели експроприрани, прогресот е помножен некаде пет пати. Тоа значи дека отвораме фронт за работа на делницата Тетово-Гостивар 17,5 километри, на Гостивар – Букојчани 14,7 километри и Прилеп-Битола 29 километри или планот до ова лето активно да се работи на изградба на автопати во рамки на коридорите 8 и 10 д некаде од 65 до 68 киломтери, што мислам дека ќе се согласите е огромен прогрес. Тајната е многу едноставна, се вика работа и подршка. Сакам лично да се заблагодарам на премиерот за подршката на дневна основа. Ние на дневна основа се координираме за овој и за останатите големи проекти. Сакам да се заблагодарам на ЈП за државни патишта, на Проектната единица и директорот Трајановски, на цел тим кај мене во Министерството за транспорт и на целата Влада затоа што ова е заеднички напор и успех. А успесите доаѓаат со заедничка формула, ние заедно со тимот на Бехтел и Енха секоја недела или во најлош случај еднаш на две недели одржуваме големи состаноци на кои заеднички ги координираме работите, гледаме што сме завршиле и си даваме задачи за следниот период. Потоа на дневна основа ги решаваме проблемите и скоро секој ден комуницираме. Следниот ваков состанок е вторник затоа што имаме многу работа пред нас. Нека е со среќа”- изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.