Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Економија

Николоски: Врвни експерти од Велика Британија ќе ни помагаат во реализација на проектите

Реализацијата на проектите ќе биде подржана од врвни експерти од Обединетото Кралство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реализацијата на проектите ќе биде подржана од врвни експерти од Обединетото Кралство кои ќе осигураат квалитетната и навремена реализација на проектите, а од друга страна ќе го подигнат квалитетот на градежните компании во Македонија и ќе донесат нови знаења и искуства во земјава, вели вицепремиерот Александар Николоски во интервју за МРТВ.

Тој најави дека во делот на изградба на брзата железница, ќе се добие техничка подршка од компанија од Велика Британија која го градела најсофистицираното дигитализирано метро во Лондон.

„При секоја посета на Лондон многу разговарам во делот на техничката подршка, тоа е нешто што е многу значајно, нешто што значи искуство и знаење и за мене тоа е еднакво важно како и финансиската компонента. Во однос на железницата разговараме да добиеме техничка подршка од најсилната компанија во Велика Британија, се работи за “Crossrail”. Тоа е компанијата која ја изгради најновата и најдолгата линија во Лондон, првата дигитализирана метро линија во овој дел од светот, тоа е метролинијата “Елизабет” која е крстена по Кралицата Елизабета. Така што зборуваме за тој вид на експрети и зборуваме за проект од 20 милијарди фунти, значи само овој проект е 4 пати поскап од тоа што ние имаме како аранжман. Со тој профил на луѓе преговараме да дојдат да ни помогнат затоа што таквата помош е двонасочна. Едно е краткорочна, бидејќи имате сигурна и квалитетна реализација на проектот, а второ обучувате кадри за во иднина. На Македонија и фалат добро обучени кадри со искуство. За жал заради годините на девастација би рекол и во децениите, во Македонија градежниот сектор скоро и да колабираше, голем број на фирми банкротираат и јас се надевам дека со ова ќе ги внесеме во фаза каде повторно ќе бидат меѓународно конкурентни какви што беа во едни претходни времиња и затоа овој аспект за пренесување на знаења е многу значаен“ – истакна вицепремиерот Николоски.