Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Николоски: Врвни експерти од Велика Британија ќе ни помагаат во реализација на проектите

Реализација на проектите ќе биде подржана од врвни експерти од Обединетото Кралство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реализација на проектите ќе биде подржана од врвни експерти од Обединетото Кралство кои ќе ја осигураат квалитетната и навремена реализација на проектите, а од друга страна ќе го подигнат квалитетот на градежните компании во Македонија и ќе донесат нови знаења и искуства во земјава, вели вицепремиерот Александар Николоски.

Тој најави дека во делот на изградба на брзата железница, ќе се добие техничка подршка од компанија од Велика Британија која го градела најсофистицираното дигитализирано метро во Лондон.

-При секоја посета на Лондон многу разговарам во делот на техничката подршка, тоа е нешто што е многу значајно, нешто што значи искуство и знаење и за мене тоа е еднакво важно како и финансиската компонента. Во однос на железницата разговараме за добиеме техничка подршка од најсилната компанија во Велика Британија, се работи за “Crossrail”. Тоа е компанијата која ја изгради најновата и најдолгата линија во Лондон, првата дигитализирана метро линија во овој дел од светот, тоа е метролинијата “Елизабет” која е крстена по Кралицата Елизабета. Така што зборуваме за тој вид на експрети и зборуваме за проект од 20 милијарди фунти, значи само овој проект е 4 пати поскап од тоа што ние имаме како аранжман. Со тој профил на луѓе преговараме да дојдат да ни помогнат затоа што таквата помош е двонасочна. Едно е краткорочна, бидејќи имате сигурна и квалитетна реализација на проектот, а второ обучувате кадри за во иднина. На Македонија и фалат добро обучени кадри со искуство. За жал заради годините на девастација би рекол и во децениите, во Македонија градежниот сектор скоро и да колабираше, голем број на фирми банкротираат и јас се надевам дека со ова ќе ги внесеме во фаза каде повторно ќе бидат меѓународно конкуретни какви што беа во едни претходни времиња и затоа овој аспект за пренесување на знаења е многу значаен, истакна вицепремиерот Николоски.