Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Николоски во Лондон: Шест милијарди евра за Македонија преку Инструментот за поддршка на извозот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска и официјално ја почна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска и официјално ја почна работната посета на Обединетото Кралство со средба во Лондон со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање во британското Министерство за финансии.

Николоски оцени дека оваа средба е најважна во рамки на посетата, појаснувајќи дека на станало збор за деталите за средствата кои Македонија може да ги користи во следниот период.

-Се работи за пет милијарди фунти кои се ставаат на располагање на Македонија, нешто што беше потврдено од Инструментот за поддршка на надворешното финанисирање. Можам со задоволство да кажам дека овие пет милијарди фунти или шест милијарди евра по овој состанок и дефинитивно се ставени на располагање на Македонија. Може да се користат за проектно финансирање, врзани се со проекти, што значи дека ќе носат додадена вредност за Македонија, изјави Николовски.

Реклама

Тој посочи дека станува збор за проекти во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката, технологијата, како и во областа на животната средина.

– Разговаравме три сета на проекти. Едниот е брзата пруга на Коридор 10, од Табановце до Гевгелија, вториот е изградбата на болниците во Кичево, Тетово и во Штип, а третиот изградба на на медицински факултет и студентски дом во Штип. Ова се три сета проекти што се веќе потврдени. По потпишувањето на договорот влада со влада утре и ратифкацијата во македонското Собрание ќе почнеме и официјални разговори во однос на начините на финансирање и начините на реализација на овие проекти и за многу бргу ќе можеме да излеземе со тие детали, рече Николоски.

Во македонската делегација се и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, а утре ќе  им се приклучи и министерката за образование Весна Јаневска.

Николоски очекува мошне успешна посета на Велика Британија, во рамки на која денеска попладне на агендата се политичките средби.

– Ќе имаме средба со миистерот за внатрешни работи, со министерот за одбрана и секако утре со министерот за економија и извоз со кого заеднички ќе го потпишеме допговорот влада со влада, најави Николоски.

Тој го појасни процесот на ратификација во двете земји.  – Кај нас договорот ќе се ратификува во Парламентот, додека во Велика Британија  го усвојува Владата. Потоа договопрот станува  ефективен и веќе влегуваме во официјални разговори и преговори за реализација на проектите. Јас кажав дека мојата амбиција е дека во текот на летото ќе имаме договори, а доцна наесен и работа на терен, рече вицепремиерот Николоски.

Текстот на договорот што ќе биде потпишан утре вчера беше усвоен од македонската влада, откако двете држави постигнаа согласност за стратешко партнерство.