Реклама

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Економија

Николоски: Визија е да создадеме интегриран еколошки јавен превоз со градскиот воз, електричните автобуси, БРТ и меѓуградската железница за да го намалиме аерозагадувањето

Правата линија на градскиот воз сообраќа редовно и со над 300 патници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правата линија на градскиот воз сообраќа редовно и со над 300 патници дневно, што е над очекувањата. Нашата визија е да создадеме интегриран јавен превоз со градскиот воз, електричните автобуси, БРТ и меѓуградската железница за да го намалиме аерозагадувањето – вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. 

– Ние имаме градски воз во кој никој не веруваше. Никој не веруваше ни од опозицијата ни поголем дел од јавноста. Бројките, да бидам искрен со вас, се подобри од она што го очекував. Веќе сме некаде на 300 патници дневно. Тоа се 300 возила помалку во центарот на градот. Тоа се 300 нервози помалку во центарот на градот и тоа се 300 луѓе што навреме стигнуваат. Во моментот завршува проектирањето за двете други линии. За неколку недели ќе излезат тендерите, штом избереме изведувач почнуваме со градба и, како што ветивме, на почетокот на 2028 година ќе имаме уште две траси, со што цело Скопје ќе го опфатиме – истакнa Николоски.

Планот, како што најави, е целиот јавeн превоз да се интегрира, a целта е, покрај поефикасен прeвоз, да се влиаје и врз аерозагадувањето.

Реклама

„Првата фаза е дел од една поголема моја и на Владата визија за градот Скопје и за растеретување на сообраќајот во градот Скопје и за намалување на загадувањето. Имено, доколку успееме да создадеме функционален и интегриран систем на градски воз – три линии, на меѓуградски воз со Велес, Куманово, Тетово, Гостивар и на тоа ги додадеме електричните автобуси и системот БРТ во делот на сообраќајот, ние проблемот со загадувањето сме го решиле. Потоа ќе остане проблемот во делот на загревањето, кој е поголем фактор во загадувањето во град Скопје“ – истакна Николоски, стои во соопштението од Министерство за транспорт.