Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Николоски: Трендовите на туризам се менуваат, годинава има 20% повеќе туристи од лани

Воведните 11 нови авиолинии во изминатите девет месеци веќе го даваат својот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Воведните 11 нови авиолинии во изминатите девет месеци веќе го даваат својот ефект во туризмот, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски истакна дека зголемувањето на бројот на туристи е резултат на поддршката на чартер летови и промените на политиката за субвенции, за патници за доаѓање, наместо за патници во заминување.

Како што наведе тој, во мај годинава во однос на мај минатата година има 101.000 туристи повеќе, при што број еден дестинација е Скопје затоа што трендовите на туризам се менуваат – број еден туристичка дестинација се главните градови, број два е Охрид, па останатите места.

Реклама

– Има зголемување за 20 проценти споредено со минатата година. Тоа е резултат на две политики, едната на поддршка на чартер летови. На Скопскиот аеродром слетува дневно по еден авион со туристи од Германија, Франција и од Англија, по двесте туристи секој ден. Од октомври ќе бидат два авиона кои ќе слетуваат на Охридскиот аеродром и дневно ќе бидат 400. Дополнително на тоа е чартерот од Манчестер. За само девет месеци отворивме 11 нови авионски линии, што секако имаат ефект затоа што ја променивме политиката на субвенции, сега имаме субвенции за патници кои доаѓаат. Политиката на субвенциите е да поддржите повеќе луѓе да доаѓаат, а не да заминуваат. Директите летови менуваат многу, се отворија дестинации кон Скопје и кон Охрид кои ги немаше претходно и овие 11 авиолинии веќе го даваат своето и го даваат ефектот – рече Николоски.

Тој сподели дека одморот ќе го помине во Охрид со семејството. Имаме многу активности летово, со одличен прогрес, нема многу време за одмор и мојот ќе биде пократок, ќе бидам со семејството во Охрид, додаде Николоски.