Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Николоски: Со сложени инженерски зафати кои за прв пат се користат, ќе го доизградиме автопатот Охрид–Кичево

Со засилена динамика продолжуваат да се изведуваат градежните зафати на автопатот Охрид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со засилена динамика продолжуваат да се изведуваат градежните зафати на автопатот Охрид – Кичево. За првпат во Македонија, но и во поширокиот регион, на оваа траса се применуваат напредни градежни решенија за стабилизација на теренот, со цел автопатот целосно да се доизгради и да се стави во функција како безбедно сообраќајно решение. Денеска увид во градежните активности извршија министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, директорот на Државни патишта, Коце Трајановски и пратеникот Ѓорѓи Сајкоски.

„Досега многу се зборуваше за тежината на овој проект, но денес јавноста може директно да види зошто станува збор за најкомплексниот инженерски зафат, не само кај нас, туку и во регионот. Работиме на пробивање на планински масиви, на косини високи и до 200 метри и на терени што постојано се движат кон главната траса – проблеми кои повеќе од една деценија не биле системски решавани“, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

Од формирањето на новата Влада, решени се вкупно 16 критични косини долж трасата. Кај најголемиот дел од нив се применува метод на стабилизација со заштитни галерии, техника што досега не била користена во домашната, ниту во регионалната патна инфраструктура.

Реклама

„Како се изведуваат работите на два клучни проекти на овој дел, односно асватлирањето од Пресека, значи од Извор па се до Врбјани и вториот дел на пролет ќе почне од Ботун, околу пет километри, вкупно 15 километри, така да со тоа, сите оние кои патуваат од Охрид и према Охрид, ќе имаат еден подобар и побезбеден пат на патување“, изјави Коце Трајановски, директор на „Јавното Претпријатие Државни патишта“.

„Станато е огромно градилиште кое веруваме дека набрзо ќе биде едно прекрасно патно решение за граѓаните од овој регион. Можам да порачам до граѓаните дека за брзо ќе имате патно решение ќе имаме побрз проток на стоки услуги и развој на регионот“, изјави пратеникот Ѓорѓи Сајкоски.

Автопатот се гради од 2014. По повеќе од една деценија тапкање во место со претходната влада на СДСМ и ДУИ, и зголемување на предвидената инвестиција од 374 милиони евра, на 598 милиони, изминатите 18 месеци по деблокирање на процесите, конечно над 50% од автопатот е пуштен во употреба.