Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Економија

Николоски: Со пуштање на реконструираната обиколница на Крива Паланка, спој со Бугарија, ја завршуваме модернизацијата на источното крило на Коридор 8

Со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка и проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир, целсоно го развиваме источното крило на Коридор 8, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски ја пуштија во употреба реконструираната обиколница на Крива Паланка.

Како што посочи Николоски, проектот е инвестиција вредна 1, 2 милион евра и е дел од Коридорот 8.   

-Драго ми е што проекти се завршуваат на време. Ова е таков пример, ова е проект кој го започна оваа Влада и го заврши оваа Влада, што е пример како се работат проекти кои одговорно и посветено се работи. Се работи за проект кој е во должина од 4, 5 км и проект кој значи целосна рехабилитација и поврзување со Република Бугарија. Ова не е само обиколица на Крива Паланка, ова е поврзување со Бугарија и е витален дел од Кориодр 8 во кој многу вложуваме со цел развој на истиот, рече вицепремиерот Николоски.

Реклама

Тој потсети дека минатиот јануари беше пуштен експресниот пат од Крива Планака до Страцин и ова е природно надоврзување на тој експресен пат, а во моментов интензивно се работи на осовременување, проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир.

-Првата фаза треба да биде готова до јуни, се работи на реконструкција на постојните објекти и после јуни месец да влеземе во втора фаза што ќе значи проширување на граничниот премин. Со еден модернизиран и проширен граничен премин и со една модернизирана обиколница на Крива Планака и еден експресен пат кој оди од Крива Паланка до Страцин целосно се развива источното крило на Коридор 8 – потенцира вицепремиерот Николоски.

Тој истакна дека на овој Коридор во соработка со ЕУ во рамки на Планот за раст се бара најсоодветно решение за модернизација и од патниот дел на Страцин до Романовце, односно до Куманово.  Во однос на железничкиот поврзување на Исток тој додаде:

-Интензивно веќе започнаа работите на железничкото поврзување на Крива Паланка со Скопје и со Софија. Потпишавме Договор со Бугарија за прекуграничниот тунел, а на фаза 2 веќе се задвижени работите иако таму имаме наследена ситуација од претходната Влада, изведувач кој не е одговорен, но со силен притисок работите се движат напред. Така што очекувам и за тој проект да дојдеме со добри вести што ќе значи Крива Планака да ја поврземе со Бељаковце и да имаме дневна линија воз од Крива Паланка до Скопје – потенцираше вицепремиерот Николоски.