Реклама

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Економија

Николоски: Следната недела ќе се потпише Договорот Влада со Влада, градежни активности на терен очекуваме веќе наесен

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски соопшти дека следната недела во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски соопшти дека следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, по принцип Влада со Влада и образложи кога Македонија може да ги очекува првичните бенефити од ваквото партнерство.

„Следната недела ќе патувам за Лондон и ќе ја имам таа чест во името на Владата на Македонија, да го потпишам договорот со Владата на Велика Британија, тоа е договор Влада со Влада, договор кој што ги утврдува овие полиња на економска соработка и оваа рамка од 5 милијарди фунти, односно 6 милијарди евра, кој што се ставаат на располагање на Македонија. Со мене ќе има и други министри од Владата, така што очекувам деновиве да излеземе со детали, но веќе е дефинирано дека посетата ќе биде следната недела и таму ќе имаме средби на највисоко ниво. Еве можам да кажам еден куриозитет кој што мислам дека многу говори за симболиката, знаете во големите држави симболиката многу значи. Најавено е дека потпишувањето ќе биде во кабинетот, кој што Винстон Черчил го користел во Втората светска војна, што мислам дека многу говори за симболиката да ја дадат од Велика Британија, да се потпише во кабинетот на историската личност број еден во Велика Британија”, истакна вицепремиерот Николоски.

Николоски детално образложи како ќе се одвива постапката по потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство се до ратификувањето на поединечните договори и почетокот на работите на терен.

Реклама

“Нашиот календар е следен, следната недела да се потпише договорот влада со влада. После тој треба да биде ратификуван од страна на македонската Влада и македонското Собрание, како и од страна на британската влада, таму е поедноставна процедурата. После тоа, врз основа на овој договор да почнеме да ги конкретизираме и да ги пишуваме договорите за брзата пруга, за болниците и за финансиската компонента. Истите потоа да бидат презентирани пред Владата и пред Собранието, и еве да не е преамбициозно, но очекувам дека до крајот на летото, не подоцна од крајот на август, се ова да биде ефективно, да имаме мобилизација во месеците септември, октомври, и да ги видиме машини на терен доколку не’ послужи времето на крајот од октомври и почетокот на ноември”, додаде вицепремиерот Николоски.