Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот

Покрај геополитичките тензии на Блискиот Исток и несигурноста на енергетските пазари кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај геополитичките тензии на Блискиот Исток и несигурноста на енергетските пазари кои веќе ја менуваат воздушната мапа на регионот, македонските аеродорми остануваат лидери во регионот. Меѓународниот интернет портал „EH YU Aviation News“, пишува дека и покрај тоа што аеродормите во поранешна Југославија скратија 82 илјади места од првично планираните, македонската престолнина се задржува во врвот според понудени седишта, спротивставувајќи се на надолните трендови што го зафаќаат регионот.

Првите месеци од годинава, македонските аеродроми бележат раст од 30 % по број на патници и околу 20% по број на операции, што ги потврдува политиките на Владата за развој на авиосообраќајот во Македонија, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

  • Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 % споредбено со истиот период минатата година. За оваа година од понудените преку 390 илјади нови седишта, заради влијанието на конфликтот на Блискиот Исток има намалување за околу 6 илјади седишта, но и покрај ова останува високо рангиран во регинот и во овој сегмент, пренесува специјализираниот авио портал” EX-YU Aviation News” пишува вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски.

За само две години, пишува Николоски, се воведоа 24 директни летови кон европските центри, што е рекордна бројка на ново воспоставени авиолинии. Само од почетокот на годинава, почнаа летовите од Скопје кон Неапол и Будимпешта и  од Охрид кон Милано и Братислава.

Реклама
  • ..Во текот на месец јули од Охрид започнува да оперираат линиите кон Катовице и Вроцлав, а од Скопје кон Палермо и Алгеро, со што за речиси две години од работа на оваа Влада, се воведоа 24 нови авиолинии кон европските центри, што е рекордна бројка на ново воспоставени авиолинии. Развојот на авиособраќајот останува меѓу приоритетите на Министерството за транспорт и тоа го докажуваме со реализација на проектот за реконструкција, надградба и проширување на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, со што дополнително ќе го зголемиме капацитетот за патници и авио операции“ пишува вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски.

Вицепремиерот Николоски, истакнува дека оваа година се очекува да се надмине бројот на патници од 3,5 милиони, а во следната година да достигне и до 4 милиони патници, што е резултат на актуелниот модел на привлекување на авиолинии.

Во однос на актуелните состојби со горивата, Македонија има стабилна состојба, во континуитет се врши координирање со сите институции и засега авиосообраќајот се одвива непречено.