Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Николоски: раст од 7,2 % на градежниот сектор во првото тримесечје од 2026

Изградбата на коридорите  8 и 10 Д и останатите локални патишта остануваат силен двигател во градежништото  според податоците на Државниот завод за статистика во првиот квартал од 2026. Според нив   градежниот сектор  бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски вели дека овие бројки […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на коридорите  8 и 10 Д и останатите локални патишта остануваат силен двигател во градежништото  според податоците на Државниот завод за статистика во првиот квартал од 2026. Според нив   градежниот сектор  бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски вели дека овие бројки  претставуваат силен показател за континуираната градежна активност во целата држава, како и за успешната реализација на капиталните инвестиции, кои се од клучно значење за економскиот развој. Особено охрабрувачки е фактот што во сегментот на нискоградбата е регистриран двоцифрен раст од над 20 индексни поени.

– Овој сегмент ги опфаќа инвестициите во изградба на автопати, експресни патишта, регионални и локални патишта, како и железницата, кои Владата преку Министерството за транспорт ги реализира со високо ниво на посветеност и одговорност. Растот во нискоградбата е директен резултат на засилените активности на терен и силната динамика со која се реализираат капиталните проекти – истакна Вицепремиерот и Министер за транспорт Александар Николоски

Реклама

Додава дека автопатиштата на коридорите 8 и 10 Д се градат со силна динамика, а паралелно со тоа се инвестира и во железничката инфраструктура, што претставуваат клучен сегмент за долгорочниот економски развој, регионалното поврзување и зголемувањето на конкурентноста на економијата.

Во однос на  стапката на раст на бруто-домашниот производ  во првото тримесечје од годинава од  3,1 проценти, вели дека    е јасен показател дека економијата расте, инвестициите даваат резултати и развојните политики на Владата создаваат реални ефекти во стопанството.

– Резултатите што ги објави ДЗС се потврда дека државата се движи во вистинска насока, градежништвото останува мотор на економскиот развој, а инфраструктурните проекти силно ги поддржуваат растот, развојот и креираат подобра иднината на државата – истакна Вицепремиерот и Министер за транспорт Александар Николоски

Резултатите што ги објави ДЗС, се потврда дека државата се движи во вистинска насока, градежништвото останува мотор на економскиот развој, а инфраструктурните проекти силно го поддржуваат растот, развојот и креираат подобра иднината на државата.