Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Економија

Николоски: По подолго време, добри вести за „Македонска пошта“ – се модернизира институција од која претходната влада беше откажана

 Драго ми е што по подолго време доаѓаат добри вести за „Македонска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Драго ми е што по подолго време доаѓаат добри вести за „Македонска пошта“. Да потсетам, ова беше институција од која предходната влада беше откажана. Ова беше институција за која се спремаа физибилити-студии за продажба и за приватизација. Како резултат на тоа, претходниот генерален секретар на владата беше правосилно осуден, а за други се водат судски постапки – изјави на денешниот настан вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот Орхан Куртиши ги промовира новите возила за „Пошта“.

– Сега работите се менуваат и времињата се менуваат. Го гледате првиот голем чекор, а тоа е како да го подобриме начинот на фунционирање на „Пошта“. Тоа се преку една сериозна поддршка од Владата, при што се набавени 100 возила, од кои 90 се мали комерцијални или популарно наречени пикапи, а 10 се големи комерцијални возила или комби. Малите возила се со носивост од 750 килограми, а големите се со носивост од 1.800 килограми и ќе помогнат многу во забрзувањето на доставувањето на пратките, што е основната дејност на „Пошта“ – информира Николоски.

Она на што особено се гордеам, додаде тој, е што од проценета вредност од 130 милиони денари без ДДВ, на електронска аукција цената се намали за цели 25 милиони денари, што значи, нагласи, дека заштедивме некаде над 400.000 евра само при оваа јавна набавка.

Реклама

– Финалната цена е 104 милиони денари без ДДВ, што прави ова да е најевтина набавка на овој тип на возила реализирани во државата, некаде просечно доаѓа 15-16.000 евра за возило, што е далеку најевтино од она што може да се најде на пазарот. Имајќи предвид дека возниот парк на „Македонска пошта“ е застарен, оваа набавка на возила е неопходна и заради извршување на основната дејност на Акционерското друштво, а тоа е давање универзална поштенска услуга – дециден беше Николоски.

Целта е, како што истакна, да се зголеми квалитетот.

– Нашата цел е во идниот период да го зголемуваме квалитетот, работиме заедно со раководството на „Пошта“ на подобрување на ефикасноста во испораката на услугите и намалување на трошоците за 15 проценти, како и подобрување на индикаторот за профитабилност за дополнителни 15 проценти. Во следниот период очекуваме да се набави софтвер за „Македонска пошта“, како и сортирка, која во регионот воопшто ја нема и ќе значи дека таа ќе биде најмодерна поштенска институција во целиот регион – истакна Николоски.

Она што исто така е значајно и е за поздравување е дека „Македонска пошта“, нагласи тој, без разлика што пазарот е либерализиран, е единствената институција што врши универзална услуга, што значи без разлика дали се работи за најголема пратка или за најмало писмо, кое од Скопје треба да стигне во најмалото село во државата, тоа го прави „Пошта“ и тоа е за поздравување. 

-Тоа не секогаш може да е профитабилно и најчесто не е. Повеќето од државите во Европа го имаат решено со субвенции што директно владата ги дава на државните пошти, но ние сè уште гледаме „Македонска пошта“ со своите приходи да опстојува и работи. Сигурен сум дека со овие инвестиции што ги правиме, како и со инвестициите што доаѓаат во следниот период, ќе продолжат добро да работат, ќе продолжат добро да функционираат – рече Николоски.