Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Николоски: Патот од Охрид до Св. Наум завршува – Повеќе безбедност и квалитетна туристичка понуда за сите

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, информираше дека рехабилитацијата на магистралниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, информираше дека рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум, во должина од 24,3 километри, се наоѓа во завршна фаза.

„Проектот има инвестициона вредност од 11,6 милиони евра, обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта. Со рехабилитацијата на оваа главна туристичка сообраќајна делница, ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот и ја обезбедуваме квалитетната патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум. Овој магистрален пат има и регионално значење, бидејќи го поврзува Охрид со Република Албанија.

До сега, потегот од граничниот премин со Албанија до Пештани, долг 19 километри, е целосно асфалтиран. За зголемување на безбедноста во сообраќајот, извршена е санација на нестабилните косини, монтирана е заштитна челична мрежа и поставена е ограда на дел од патот.

Реклама

Според договорениот рок, се очекува патот да биде комплетно завршен до крајот на месец јуни, пред почетокот на летната сезона. Останува да се доасфалтираат околу 5 километри, од излезот на Пештани до хотелот Метропол, да се постави заштитна ограда и да се постави хоризонтална и вертикална сигнализација.

Со реализацијата на овој проект, не само што ја подобруваме патната инфраструктура во охридскиот регион, туку го подигнуваме и квалитетот на туристичкиот потенцијал и го поттикнуваме економскиот развој на Охрид“, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.