Реклама

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Македонија

Николоски: Одличната соработка ќе ја надградуваме во делот на железницата, автопатиштата и ависобоораќајот

Македонија има уникатна позиција каде двата коридори се пресекуваат источно од Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има уникатна позиција каде двата коридори се пресекуваат источно од Скопје и двата треба да ги развиваме, изјави вицепремиерот и мнистер за транспорт Александар Николоски.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на работната посета на Франција, утрово оствари средба со министерот за транспорт на Франција, Филип Табаро, на која се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка во делот на железницата, ависообраќајот и автопатиштата.

Во продолжение интегрален текст од заедничката изјава на вицепремиерот Николоски и министерот за транспорт на Франција, Филип Табаро:

Реклама

„Денеска имавме одлична средба со министерот за транспорт и инфраструктура на Француската Република, голема е честа за мене и за македонската влада да бидеме примени на виско ниво.
Ние имаме одлична соработка која сега ќе ја надградуваме. Зборувавме за соработка која е доста развиена во делот на авиосообраќајот, двата аеродроми во Скопје и Охрид се оперираат од француска компанија. Исто така разговаравме и за зголемување на соработката и во делот на Железницата и автопатиштата.

Во делот на Железницата ги презентирав нашите планови за развој на двата коридори 10 и 8. Македонија има уникатна позиција каде двата коридори се пресекуваат источно од Скопје и двата треба да ги развиваме. Во однос на коридор 8 кој е од стратешко значење за НАТО, зборувавме што можеме да направиме за да се доврши источниот дел од пругата но исто така да се развие и западниот дел од пругата, секако да се поврземе и со Италија, Албанија и Бугарија и да ги поврземе Јонското и Јадранското море со Црното море.

Во однос на коридор 10, тоа е најзначајниот трговски коридор на Балканот и зборувавме за тоа што можеме да направиме да изградиме брза пруга и на тој начин јужните пристаништа од Европа да ги споиме со Средна и Централна Европа. Има големи искуства што ќе ги искористиме од Франција, Франција е лидер особено во железничкиот сообраќај и ќе работиме многу заедно.

Вчера имавме средба со 11 најголеми француски компании кои се добродојдени да инвестираат во Македонија“- изјави вицепремиерот и мнистер за транспорт Александар Николоски.

„Задоволен сум од средбата што ја имав утрово со господинот министер. Станува збор за важен состанок за односите меѓу двете земји од областа на транспортот. Веќе постои соработка од областа на воздушниот сообраќај со компанијата која управува со аеродромите во вашата земја и соработката е одлична. Соработката е добра и од областа на цивилното воздухопловство и истата постојано се унапредува.

Целта на денешната средба е да се соработува и на други проекти пред се од областа на железничкиот сообраќај, затоа што постојат француски компании кои се развиени и напреднати. Посакуваме соработката со вашата земја, која освен што би била економска, би била пред се и пријателска во насока на воспоставување заеднички проекти и споделување на нашето искуство за проекти кои биле иницирани пред неколку години, па возобновени, за да ги спроведете амбициозните проекти во вашата земја, која е незаобиколна на Балканот.

Преку вас и преку пријателската средба која ја имавме, ја обновуваме желбата за цврсти врски и стоиме на располагање на вашата земја за заедничка соработка, унапредена, брза и што поамбициозна“- изјави по средбата Филип Табаро, министер за транспорт на Франција.