Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

„Гледаме со ушите“ – првите македонски филмови со аудиодескрипција за слепи и слабовидни лица

Официјалната промоција на проектот „Гледаме со ушите“, преку кој првпат македонски филмови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Официјалната промоција на проектот „Гледаме со ушите“, преку кој првпат македонски филмови се адаптирани со аудиодескрипција за слепи и слабовидни лица, ќе се одржи денеска со почеток во 9.30 часот во киносалата на Националната установа Кинотека на Македонија во Скопје.

Проектот го организираат Здружението ФЛУКТУС, Асоцијацијата за пристапност и инклузија (АПИ) и ДСУРЦ „Димитар Влахов“ – Скопје, во соработка со НУ Кинотека на Македонија и со поддршка од Министерството за култура и туризам.

Првпат во историјата на македонската кинематографија, се вели во најавата, три антологиски дела од националното аудиовизуелно наследство стануваат целосно пристапни за слепите и слабовидните лица преку стандардизирана аудиодескрипција на македонски јазик. Станува збор за „Снимките на браќата Манаки“, „Фросина“ од 1952 година и „Македонска крвава свадба“ од 1967 година.

Реклама

На промоцијата ќе биде претставен процесот на изработка на аудиодескрипцијата, а ќе бидат прикажани и кратки демонстративни исечоци, со споредба на филмска сцена без и со аудиодескрипција. Потоа ќе следува отворена дискусија за системското воведување на аудиодескрипцијата во македонската филмска и телевизиска продукција.

Во рамките на проектот ќе се одржат и две бесплатни проекции со аудиодескрипција во Кинотеката. В петок, 27 ноември, со почеток во 10.30 часот, ќе бидат прикажани избор од „Снимките на браќата Манаки“ и филмот „Македонска крвава свадба“, а в понеделник, 30 ноември, во истиот термин, избор од снимките на браќата Манаки и филмот „Фросина“.