Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Николоски од Росоман : Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково, поддршка за земјоделците

Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково од страна на новиот експресен пат, поддршка за земјоделците. За сево ова говореше вечерва на мини митинг во Росоман, потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски.  

Тој истакна дека резултатот во првиот изборен круг бил одличен, како и дека на 2 ноември ќе се слави голема победа, а Ѓорѓи ќе биде новиот градоначалник на Росоман. Според него, резултатот во првиот круг покажал, дека во Росоман по осум години ќе се случи промена. 

– Покажа дека по претходните седум години владеење на СДСМ и ДУИ и овие осум години владеење тука во општината, ќе се случат промените. Росоман ќе се приклучи на големиот бран што се случува низ цела Македонија и ќе имаме градоначалник предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Би сакал да ви честитам на сите на резултатот, заеднички ќе работат кон реализација на бројни проекти што заедно со идниот градоначалник веќе Владата ги договори и ќе се реализираат тука. Ќе почнеме од она што претходниот градоначалник го имаше на располагање, а не сакаше да го реализира, тоа се некаде над петстотини илјади евра што веднаш ќе почнат да се реализираат во регионални и локални улици, што ќе почнат да се работат, подвлече Николоски. 

Реклама

Тој го нагласи проектот за проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, како и изградбата на влезот во село Сирково од страна на новиот експресен пат. 

– Тука е поддршката за земјоделците, нешто што ни е исклучително значајно, нагласи Николоски. 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ  рече дека ќе бидат обесштетени сите земјоделци кои претрпеле штети врз земјоделските имоти од лоши временски услови.