Реклама

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Економија

Николоски: Очекувам раст на БДП над 4 отсто во 2025-та година

Вицепремиерот и министер за транспорт Алекснадар Николоски очекува раст на економијата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Алекснадар Николоски очекува раст на економијата во 2025 г. над четири отсто наспроти неодамнешните предвидувања на Меѓународниот монетарен фонд дека македонскиот БДП годинава ќе има раст од 3,2 отсто. Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, Николоски вели дека проекцијата ја темели на логиката дека земјава троши средства во проекти кои носат раст на бруто-домашниот производ.

„Јас очекувам над четири отсто годинава, но еве ќе се видиме на почеток на следна година и ќе зборуваме. Јас очекувам дека ќе сме над четири проценти“, рече Николоски.

Имаме развиено готови проекти, нешто што претходните влади го немале. Работиме на нови инвестиции во инфраструктурата, туризмот, здравството и енергетиката. Силниот инвестициски циклус е опфатен во три компоненти, објасни Николоски.

Реклама

-Имаме силен инвестициски циклус кој доаѓа во рамки на буџетот. Тоа се проектите на коридор 8 и 10 д што ги работиме со Бехтел и Енка. Тука се проектите во Железница каде пуштивме една фаза, втората ја работиме и ако се договориме со Бугарија ќе ја работиме и третата фаза. Тука е автопатот Кичево- Охрид каде што очекувам крај на јуни, почетокот на јули да ги пуштиме првите 40 км, а в година да го завршиме и тоа е едниот дел. Вториот дел е дека работиме на еден инвестициски циклус од 500 милиони евра до една милијарда евра кои што ќе одат директно во патишта преку комбинирано финансирање. И третиот дел е она што се случи во Обединетите Арапски Емирати и не е тајна дека посетата беше главно заради претставување на можностите за инвестиции и привлекување на финансиски средства. Тука има и еден политички момент со визното ослободување. Но економијата беше основната цел и јавноста треба да е свесна дека со војната во Украина и трговската војна меѓу ЕУ и САД, европските пари стануваат скапи. Не е исто со каква каматна стапка ќе ги добиете кредитите и дали е таа фиксна или променлива, истакна вицепремиерот Николоски.

Во однос на посeтата на Обединетото Кралство, тој потенцираше дека постета била политичка, но дека не се исклучува можноста да се потпишат договори за стратешко партнерство.

-Тоа што во моментов на Македoнијa е важно е да обезбеди финансирање кое буџетот ќе може да го издржи, ќе значи раст на БДП и нема да ги оптерети идните генерации и тоа е тоа што го работиме. Дали Обединетите Арапски Емирати имаат подобри услови за финанисирање од поголем број на европски држави, би рекол да, рече вицепремиерот Николоски.

Тој потенцира дека е економските политики се во целосна корелација со министерката за финансии.