Јавната набавка за осум транспортни, а не борбени хеликоптери, од Компанија која веќе е поврзана со коруптивни скандали во Македонија и среде веќе распишани избори, е уште еден доказ за расипништвото на оваа Влада. Згора на тоа, фантастичната вредност од 230 милиони евра, која преку ноќ скокна на 250 милиони евра, ќе треба да ја исплаќа новата Влада. За ова одговорност мора да има и ќе има“, порача денеска од Прилеп, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„Зошто и како баш оваа Компанија „Леонардо“ од Италија е избрана, а не се избрани другите компании кои што конкурирале? Колку што имаме сознанија, конкурирал француско-германски огромен конзорциум во делот на хелиопѕери и авиони, конкурирале еден шведски и еден американски производител? Дали можебо причината за изборот на е „Леонардо“ е огромниот корупциски скандал кој беше прв корупциски скандал на Владата на Зоран Заев, за што тогашниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, заглави во затвор и е правосилно осуден“, – рече Александар Николоски, потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Одговарајќи на новинарско прашање, Николоски како катастрофална ја оцени и состојбата во здравството, особено по вчерашната јавна кавга помеѓу прилепските и битолските доктори.

„Состојбата во здравството е катастрофална. Поделена е на личен ПР, на огромен криминал и на незаинтересираност и затоа пропаѓаат и битолската, и прилепската болница. Не е тука прашањето дали некој е виновен. Во двете болници нема соодветни услови за да можат луѓето соодветно да се лечат во Пелагонискиот регион. Ние тука имаме планирано една сериозан реформа која што започнува со првиот и едноставен чекор, а тоа е – да запре криминалот и корупцијата во здравството“, – изјави Николски.
При денешната посета на Прилеп, Николоски беше запознат и со реализацијата на тековните проекти на оваа локална власт, а она што го најави е дека во новата Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидена е конечна доизградба на Експресниот пат Градско-Прилеп, како и на Автопатот Прилеп-Битола, а додека пензионерите уште во првата година ќе го добијат линеарното зголемување на пензиите од 5.000 денари.
Каролина Дурло
