Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Николоски: Многу критичари има пред тастатура, но од експресниот пат Фариш – Дреново отстранивме материјал колку Градски стадион да го наполниме

Ако не ја поместивме планината кај експресниот пат Фариш-Дреново, уште најмалку три…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако не ја поместивме планината кај експресниот пат Фариш-Дреново, уште најмалку три години пат немаше да имаме. Критичари има многу пред тастатури, но од планината отстранивме материјал колку еден градски стадион да наполниме, истакна вицепремиерот Николоски.

– Начинот на кој беше проектиран патот буквално висеше една цела планина над патот. Проектот беше дека треба да има заштита од челични сајли кои што требаше да ја држат планината да не падне на патот. Се спротиставив и реков да најдеме друго решение да ја поместиме планината и да го отстраниме тој материјал. Имаше скептици, но за жал после неколку недели се случи несреќата во Нови Сад со железничката станица. И после тоа на тие скептици им се отворија очите дека тие системи на челични сајли можеби се добри на хартија и проектански, но за жал се случува тоа што се случува и да нема такви случаи да го отстраните тоа што може да е потенцијален проблем. Дојде и вториот предизвик, не можеше да се минира затоа што патот е таков што преку мост се влегува во тунел и ако се случеше минирање ќе се срушеше мостот и тоа значеше уште три години да немаше експресен пат. Се најде инженерско решение, се донесоа машини кои буквално удираат во планината на дневна основа и се работеше околу 5 месеци. Сликовито да објаснам се отстрани материјал колку да го наполните Градски стадион. Има критичари кои пред тастатура седат и не работат, ама ние работиме и еве резултатите кажуваат. – истакна вицепремиерот Николоски.