Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Николоски: Македонија ќе биде прва држава во регионот која целосно ќе се покрие со полначи за електрични возила

Македонија ќе биде првата држава во регионот каде насекаде ќе има достапни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ќе биде првата држава во регионот каде насекаде ќе има достапни полначи за електрични возила, истакна министерот за транспорт, Александар Николоски во телевизиско интервју.

Тука сме пионери, заедно со Европската банка за обнова и развој моментално избираме консулатант кој што треба да направи студија и после таа студија да се имплементира. Мојата идеја е некаде на почетокот на вториот мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе Македонија да е Е-мобилна, односно да има можност за електрични возила буквално на секој агол во државата. Тоа е со цел граѓаните повеќе да не се грижат каде и колку е оддалечена следната станица за полнење, туку на едно пристојно растојание не повеќе од 10 км да има полнач, истакна вицепремиерот Николоски.

Во контекст на намалување на аерозагадувањето, вицепремиерот зборуваше и за планот на Владата за набавка на 120 електрични автобуси, од кои 80 ќе бидат наменети за главниот град, а останатите 40 за општините во државата. Тој појасни дека првичниот тендер е поништен зашто што пријавениот понудувач не ги исполнувал поставените услови во јавниот повик.

Реклама

Сега работиме во рамки на министерството, идентификуваме како може да се зголеми конкуренцијата, а од стандардите нема да отстапиме, затоа што многу е лесно да купите дизел автобуси или автобуси кои што загадуваат, нашата цел е да купиме еколошки електрични автобуси кои што ќе ги исполнуваат сите стандарди, и затоа за брзо време ќе излеземе со планови во таа насока, додаде вицепремиерот Николоски.