Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Николоски: Македонија и Скопје на авиомапата на Барселона и Лион

Утрово на скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утрово на скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Тие се дел од владината полтикика за финансиска подршка за воведување на нови авиолинии и нови дестинации за граѓаните, објави преку видео порака на својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во продолжение видео обраќањето на вицепремиерот Николоски.

“Утрово слетаа првите авиони од Барселона и Лион. Тоа значи многу за зголемување на туризмот и за подобрување на економијата во Македонија. Со новите летови кои што Владата ги обезбеди, придонесуваме да се зголеми бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром. Со директните летови од Шпанија-Барселона и Франција-Лион, секако дека многу ќе придонесеме во оваа насока. Политикита на субвенции што ја води Владата и Министерството за транспорт ги дава првите резултати. За неколку месеци имаме десет нови дестинации од двата аеродроми. Ветувам уште многу нови дестинации, уште многу патници на скопскиот и охридскиот аеродром, многу повеќе туристи, повеќе можности за размена, многу повеќе луѓе кои ќе доаѓаат за бизнис во Македонија и уште многу повеќе луѓе кои што ќе патуваат. Нека е со среќа и за убаво”- се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.