Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Николоски: Летово ќе биде завршена физибилити студијата за брзата пруга на Коридорот 10, проектот ќе се заврши до 2031 година

Летово ќе биде завршена физибилити студијата, по што ќе следува ревизија. Процесот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Летово ќе биде завршена физибилити студијата, по што ќе следува ревизија. Процесот на планирање мора да заврши перфектно добро. Првичниот рок што го кажав, дека проектот ќе се заврши до 2031 година, останува, ништо не е поместено, изјави денеска  вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски за брзата пруга на Коридорот 10.

Како што истакна Николоски одговорајќи на новинарски прашања, во тек се активностите кои се исклучително битни, па дури и најзначајни за целиот проект, но не се доволни видливи и атрактивни за јавноста. Проектот стартуваше во октомври минатата година, а градежни активности се и геотехничките истражувања.  

– Имајќи предвид дека јасно ќе биде барањето, и наше и на банката финансиер, дека рокот за завршување е пет години, нема да има отстапки, зашто ќе бидат многу високи пеналите за изведувачот доколку го пробие рокот, потенцира министерот.

Реклама

Тој објасни дека за да се реализира голем инфраструктурен проект, потребни се три фази.

– Првата фаза е да се обезбеди финансирање, втората е да се направи добро планирање и третата е да се изведе на терен. Во делот на финансирање, се заврши работата минатата година, избрана е индикативна понуда која, секако, кога ќе заврши процесот на планирање, тоа е втората фаза, треба да се потврди. Тој процес е завршен минатата година. Во делот на планирање, според мене најбитниот и најзначајниот дел, имајќи предвид дека овој проект ќе го работиме со Велика Британија, документацијата и она што беше како планирање претходно работено со Европската Унија, се сметаше дека е недоволно за реализација на вака голем инфраструктурен проект и затоа влеговме целосно во нов процес на планирање што опфаќа многу фази. Ќе се обидам да ги кажам наједноставно. Првата е избор на траса. Беа понудени девет траси, се избра една. Јасно е која е трасата, таа горе-долу ја следи постојната линија, но беа понудени уште осум други опции. Втората е оценка на влијание врз животната средина врз основа на трасата што е избрана. Третата е оценка за влијание врз средината каде што живеат луѓе, социјалната средина веројатно е најсоодветен превод. Четвртиот е за заштита на културно-историско наследство, имајќи предвид дека на трасата има најмалку два големи локалитети, Стоби и Вардарски Рид. Петтата е прелиминарен дизајн или проектирање, шестата е геотехнички истраги и седмата е проект, рече Николоски.

Според него, паралелно се прават due diligence анализа и физибилити студија кои треба сите овие активности да ги вклопат.

-Ова се работи активно од октомври месец. Знам дека тоа не е визибилно за народот, не е атрактивно, во смисла да видите багер на терен или да видите работници на терен, итн., но за мене ова е најзначајниот дел од проектот. Откако се ова ќе заврши, а согласно правилата и процедурите ќе заврши летово, зашто треба четири сезони да поминат, се прави ревизија и откако ќе заврши ревизијата, се потврдува и се дава на изведувачот за да можеда работи. Само во такви услови нема да ни се случи Охрид-Кичево, првите геотехнички истражувања да ги направивме на крајот на 2024 година, а проектот беше почнат 2014 година и меѓу другото затоа толку доцни проектот, истакна Николоцки.