Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, за време на гостувањето во една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, за време на гостувањето во една од националните телевизии се осврна на повеќе теми меѓу кои и темата за правосудството во земјава. Тој зборуваше за нефукнционалноста на судството, и го посочи како најголем проблем во земјата, при што истакна дека Владата не може да нема слух за истото.

,,Проблем е, што или не работат или ги ставаат работите под тепих, или нешто ако сработат најчесто им е да удрат некој бизнисмен. На тоа се сведе судството и обвинителството во Македонија, и на седење по кафани“, кажа Николоски и додаде:

,,Добри се закониве, немаме ништо проблем во законите. Мали им се сега плативе. Повисоки плати имаат и од министри, и од премиер, и од претседател на држава“.

Реклама

Како што вели тој, Владата донела принципиелен став и ги намалила коефициентите за платите на функционерите, а она кое што судиите и обвинителите моментално го бараат се 4 просечни плати.

,,Уставниот суд ја укина одлуката за замрзнување на платите, кога наеднаш скокнаа платите за 78%. Ние имаме принципиелен став, дека од ова ниво нагоре платите нема да растат и ги намаливме коефициентите. Ако порано министер бил 3,5%, 3 и пол просечни плати, ако бил пратеник 3 и пол просечни плати, ако бил потпретседател на влада 3,7 просечни плати, премиер 4, претседателот 4,5, сега ги намаливме сега е 2,83. За судиите и за обвинителите да не важело. Па помножете 4 просечни плати во моментов ќе видите колку пари доаѓаат, ќе видите колку е тоа што го бараат судиите“, рече Николоски.

Николоски посочи дека правосудниот систем е проблем број 1 во земјата и за истото не може Владата да нема слух.

,,Ние сме најмногу да бидат независни. Нека испорачуваат резултати, нека си работат и ние да немаме дебата, ама ова е проблем број 1. Поразговарајте со било кој граѓанин, ова ви го отвора како проблем број 1. Ние не можеме неми да бидеме. Да велиме само затоа што ние немаме надлежност таму, ние ќе ќутиме“, истакна Николоски.

Николоски укажа дека само тој додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција отворил многу корупциски случаи, но никако да се види било каков резултат од правосудството.

„Не може сите случаи да се утнати, од толку корупциски случаи нешто да беше почнато, ако мислат дека не треба нека кажат“, посочи Николоски.