Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Николоски: Ќе бидат одземени 97 лиценци во градежништвото, законски измени мора да има

Општината, Државниот пазарен инспекторат, Министерството за внатрешни работи и Министерството за економија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општината, Државниот пазарен инспекторат, Министерството за внатрешни работи и Министерството за економија кое во два наврати во 2021-ва и 2023-та година издало лиценца за работа на дискотеката „Пулс“ во Кочани, се институциите кои морале да согледаат и евидентираат одредени неправилности. Николоски вели дека објектот во кој беше сместена дискотеката е изграден 1999 година според тогаш важечкиот план на општината со намена за лесна незагадувачка индустрија. Доградените 50 метри квадратни биле легализирани согласно Законот за легализација на дивоградби од 2011-та година. Адаптациите и реконструкцијата на објектот биле направени без никакво одобрение. Приватна фирма требало да утврди дали објектот е според стандарди или не.

„Ставен е печат дека ги исполнува условите од одредено правно лице кое невидело што се случува, а ставило печат или пак видело ама го игнорирало. Согласно законот за добивање лиценца се поднесува барање во кое треба да се достави пријава за исполнување на минамално-технички услови и согласност од МВР дека се исполнети условите за заштита на јавен ред и мир и сообраќај. Министерството за економија по службена должност ги прибавува документите, а подносителот поднесува изјава дека ги исполнил сите услови. Според мене законот не е добар и треба да се смени.“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Реклама

Одземени 97 лиценци за работа во градежништвото. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека вонредните контроли покажале дека дури 15% од фирмите кои поседуваат легални А и Б лиценци за изведувачи на градби од прва и втора категорија, надзор, ревизија, изработка на урбанистички планови и управители за одржување на објекти не ги исполнуваат условите за работа. Досега Министерството за транспорт исконтролирало 643 од 1100 издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.

„На 13 правни лица одземена им е лиценца А за изведувач на градби од прва категорија, на 34 правни лица одземена им е лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија, на 2 правни лица одземена им е лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија, на 6 правни лица одземена им е лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија, на 3 правни лица одземена им е лиценца А за проектирање на градби од прва категорија, на 20 правни лица одземена им е лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија, на 2 правни лица одземена му е лиценца Б ревизија на проектна документација на градби од втора категорија, на 1 правно лице одземена му е лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија, на 16 правни лица одземена им е лиценца за изработка на урбанистички планови“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Контроли ќе има и кај превозниците во патниот сообраќај. Владаtа најавува ревизија на сите издадени лиценци по кој било основ во Македонија. Вицепремиерот Николоски алармира дека законите се контрадикторни, се исклучуваат еден со друг и оставаат голем простор на совеста на компаниите кои добиваат лиценци. Се подготвуваат измени во многу закони кои ја уредуваат проблематиката на лиценците, а планирано е редовни контроли да се вршат барем на секои 6 месеци.