Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Економија

Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото рекреативно вештачко езеро

Со изградбата на браната Отиња, од која досега се реализирани 70 проценти, …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изградбата на браната Отиња, од која досега се реализирани 70 проценти,  источниот дел од државата ќе го добие првото рекреативно вештачко езеро, кое ќе биде туристичка атракција и се очекува да биде во функција пролетта 2028 година, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. 

При увидот на работите на терен Николоски истакна дека за проектот има доволно средства во Буџетот и од обезбедените  488 милиони денари, реализирани се 311 милиони денари. 

– За изградбата на браната Отиња до денес имаме 70 проценти реализација, а крајниот рок е април 2027 година, но доколку не послужат временските услови, доколку иаме сува градежна сезона може да го завршиме езерото уште оваа година. Потоа ќе биде потребно да се наполни една година, што значи некаде во пролетта 2028 година тука да видиме езеро што навистина ќе биде атракција и огромна работа, рече Николоски.

Реклама

Ова вештачко езеро, посочи, ќе значи многу за развој на туризмот и за целата локална економија. Налик на Мавровското Езеро треба да го развие целиот регион и да претставува главна туристичка атракција во текот на летото за жителите на источниот дел на државата, но исто така и во текот на годината да се користи за рекреација, за развој на туризмот, да доаѓаат луѓе, и секако да се отвораат нови работни места. Езерото ќе служи и за наводнување и доколку е потребно во одредени критични периоди и за решавање на проблемот со водоснабдување, изјави Николоски. 

Тој соопшти дека со градоначалникот на Штип Иван Јорданов разговарале и за уредување на просторот околу езерото, за да се искористи трупот на браната како патека од едниот до другиот крај на езеото и да се поврзе со Штип.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: