Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Николоски: Изградбата на автопатите на коридор 8 и 10д оди одличнo

Со одлична динамика се градат автопатите на коридор 8 и 10 д,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со одлична динамика се градат автопатите на коридор 8 и 10 д, истакна вицепремиерот Александар Николоски. Според него има доста работа, но очекува работите да се одвиваат согласно планираното.

-Делницата Гостивар-Букојчани, популарната Стража има одлична динамика, Битола-Прилеп, исто така оди со одлична динамика. Тетово -Гостивар имаме подготвителни работи, за скоро време ќе одиме и на почеток на работите, а автопатот Требениште- Ќафасан е блокиран од страна на УНЕСКО. Ако го тргнеме Требениште-Ќафасан тогаш напредокот е одличен. Во овој момент имаме отворен фронт за работа од 68 км автопат имајќи предвид дека вкупната бројка заедно со четврата делница е 115 км и ако одземеме дека таа делница е 25 км, значи дека од вкупно 90 на 68 километри веќе се работи. Мислам дека Битола -Прилеп ќе биде прв завршен, колку и да звучи чудно, втората делница од Гостивар до Букојчани иако е најтешка ќе биде втора, а Тетово – Гостивар иако изгледа најлесен ќе се заврши на крај имајќи предид дека имаме население на двете страни од автопатот и доста внимателно одиме таму, потенцираше вицепремиерот Николоски.