Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Николоски: Инвестициите во модерни автопати и железница ќе го забрзаат развојот на Македонија

Македонија се бори да остане транспортен и економски јазол, во време кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се бори да остане транспортен и економски јазол, во време кога конкуренцијата во регионот е посилна од кога било. Владата ја става инфраструктурата во фокусот, за да ја задржи стратешката позиција на државата на мапата на главните европски коридори. Целосната изградба на Коридорот 10, како најисплатливата европска транспортна рута, станува приоритет, а паралелно, стотици милиони евра се вложуваат во Коридорот 8 – проект што треба да ја поврзе земјата исток-запад и да отвори нови економски перспективи, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

  • Ја завршивме првата фаза од пругата кон Бугарија. Делницата Куманово – Бељаковце е во функција од минатиот јануари. Бељаковце – Крива Паланка се работи веќе со добра динамика. Работиме со Европската инвестициска банка на објавување на повикот за изградба на третата делница. Веќе повикот за надзор очекувам следната недела да е објавен, а во следните две до три недели и повикот за градба, и веќе од доцна лето, рана есен да видиме активности на терен“, рече Николоски.  

Идниот месец, на 22-ри,  владата ќе има состанок со Европската Унија за проектите за раст кои ќе опфатат повеќе инфрастуктурни зафати како линијата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево и втората фаза е изградба на железница која што ќе оди Кичево-Охрид-Струга-граница со Албанија.

„Бехтел и Енка“ ќе продолжи да работи на автопатите согласно договореното,а сите давачки од државата во моментов се подмирени вели Николоски, додавајќи дека е подобро тие да продолжат со изградбата отколку сите пари да им ги поклониме.

Реклама

Министерството за транспорт, паралелно работи и на зголемување на бројот на летови од Скопје и Охрид, како и модернизација на аеродромите, вели вицепремиерот. Поради тоа процентот на раст на скопскиот аеродром годинава ќе биде на врвот во споредба со регионот.

  • Уште сега постојат услови да се отворат уште шест шалтери на постојниот терминал на скопскиот аеродром, а за брзо време ќе започнеме и целосна реконструкција на Охридскиот аеродром, кој што треба во помала варијанта да заличи на Скопскиот, една модерна терминална зграда која што ќе се изгради таму“, најави министерот за транспорт, Николоски.  

Сето ова ќе придонесе и да се задржи нивото на странските инвестиции и да се отвори патот за истражувачки центри – што ќе отвараат високоплатени работни места, посочува Николоски.