Реклама

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Економија

Николоски: Имаме пет клучни проекти во здравството кои ќе ги реализираме благодарение на договорот со Велика Британија, а наша амбиција е и модерен клинички во Скопје

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во последното интервју се осврна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во последното интервју се осврна на бенефитите од стратешкиот договор со Велика Британија односно за многуте инвестиции што ќе се реализираат во повеќе сектори, од кои и во здравствениот сектор, при што ги наведе проектите кои се планираат да се реализираат во таа област кои се од големо значење за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

„Веќе имаме согласност за изградба на Клиничка болница во Штип тоа за источниот дел е децениски проблем, оваа болница после Клиничкиот центар во Скопје треба да е најголема во Македонија. Второ изградба на Медицински факултет комплетно нов тоа е во делот на образованието и трето студентски дом којшто би бил во поддршка на Медицинскиот факултет со најмалку 200 легла. Понатаму четвртиот проект е целосно реконструкција на Клиничката болница во Тетотово и петто изградба на нова болница со нов Здравствен дом во Кичево“, истакна вицепремиерот Николоски.

Тој во своето гостување истакна дека е од суштинско значење да се направи голем и модерен Клинички центар во Скопје, кој што би бил од голема помош за граѓаните во Македонија.

Реклама

„Ова се пет би рекол пилот проекти, коишто доколку се реализираат како што би требало, амбицијата е во втора фаза, веќе да размислуваме и за други региони, да размислуваме за Охрид, Битола, Прилеп. Исто така наша амбиција и е модерен клинички центар во Скопје во моментов правиме една голема реконструкција на Градската болница „8-ми Септември“, во соработка помеѓу Министерството за транспорт, Министерството за здравство и ТАВ, тоа ќе го реши проблемот на еден среден рок, така што амбицијата е да размислуваме за голем Клинички центар во Скопје кој ќе служи за цела држава како терциерно здравство“, рече Николоски.

Тој додаде дека ова е само почеток на инвестициите кои ќе се прошират и во други сектори.

„Ова е стартот, секако дека се отворени можности и за други сектори, и како ќе поминува времето ќе излегуваме со информации и за други сектори, она што сакам да го кажам е дека ова се инвестиции кои се враќаат три до четирикратно“, истакна Николоски.