Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бега од седницата за пратенички прашања, а партијата пушта соопштенија што кажал Мицкоски

Од СДСM никако да го вклучат или употребат мозокот. И така, секојдневно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од СДСM никако да го вклучат или употребат мозокот. И така, секојдневно и постојано повторуваат глупости. Денес нивниот претседател Венко Филипче ја напушти седницата на која се поставуваа пратенички прашања, ама партијата која ја води си пушташе соопштенија за што се зборувало на седницата во кој најблаго кажано клеветат.

Во соопштение пишуваат што кажал Христијан Мицкоски. Зошто не кажаа на седница, на пример, пишува во сопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Како и да е покажаа дека се кукавици, Филипче бега од седница, од партијата објавуваат соопштенија за седницата. 

Челниците во СДСM научиле само еден филм. Сценариото на нивниот филм има за цел да се напаѓа по ред што се што во моментов се прави за граѓаните.

Реклама

Сега, за денешното бегство на Филипче, и за соопштението од СДСM за изјавата на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој наводно според соопштението давал задачи на новиот обвинител.

Да им укажаме на СДСM една работа. А тоа е, ако тие наредувале што да прават правосудните органи не значи дека го прават и други.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кога станува збор за оваа трета самостојна власт сака и прави што е во негова надлежност за истата да делува професионално спроведувајќи ги законите.

Така да пораката за СДСM е, ако вие контролиравте се, немојте да мислите дека и другите се како вас. Или еве појасно за да разберат во СДСM, нека не им го припишуваат на другите тоа што тие го правеле. Денес на дело покажаа само кукавичлок.