Реклама
Економија

Вицепремиерот Николоски го размрда осилото во Софија, сега тој стана мета за бугарски отстрел

Претседателката го подразбуди, а вицепремиерот Николоски целосно го размрда осилото во Софија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката го подразбуди, а вицепремиерот Николоски целосно го размрда осилото во Софија. Неговата изјава во емисијата „ За или против“ на Алфа Телевизија во која бугарските провокации со знамето ги нарече непристојни и нецивилизирани, предзивикаа политичка бура во Бугарија. По нивното министерство за надворешни работи, сега обвинувања стигнаа од бугарскиот претседател Румен Радев, кои однесувањето на македонската влада го нарекоа манипулација, хистерична реакциија и ширење на омраза.

Манипулацијата со фактите и хистеричните реакции на Владата на Република Северна Македонија (РСМ) не влеваат оптимизам дека нашиот југозападен сосед сака во односите со Бугарија да го напуштат полето на провокации и оркестрирани скандали. Отворениот и конструктивен дијалог, дури и на неформална средба, каква што се одржа меѓу претседателите на Бугарија и Република Северна Македонија на 13 септември, очигледно во голема мера вознемири одредени кругови во владата на Северна Македонија. За „цивилизираноста“ на новата влада на РСМ допрва ќе се оценува според тоа дали таа ќе продолжи да биде дел од кампањите за поттикнување омраза кон Бугарија или ќе им се спротивстави, како и од способноста да ги почитува меѓународните договори, велат од кабинетот на Радев.

Лидерот на ГЕРБ пак, и поранешен премиер на Бугарија Бојко Борисов, кој е творец и на договорот за добрососедство, бара извинување од Николоски, па дури отиде до таму да бара и негова оставка, затоа што во спротивно ниту претседателот ниту министрите не требало да се среќаваат со македонските власти.

Реклама

Навистина тие се од неодамна во Владата во Северна Македонија и работите околу протоколите не му се јасни на државниот протокол. Тоа е јасно опишано, за пријателска средба што се прави, за официјална, за работна, но да речеме дека тука немаат искуство. Но, јазикот што го користат има само едно оправдување – извинување. Оставка на тој министер. И, ако не го направат тоа, ниту претседателот, ниту премиерот, ниту министрите, ниту партиите не треба да се сретнат и да разговараат со нив“, изјави Борисов, пренесуваат бугарските медиуми.

Вицепремиерот Николоски во интервјуто на ТВ Алфа посочи дека во Бугарија нема легитимна Влада и секогаш кога има избори, тема кај нив е Македонија. За постапката кога при фотографирањето на Силјаноска – Давкова и Радев не беше истакнато македонското знаме, Николоски посочи дека како домаќини Бугарија не се однесувале цивилизирано и не биле пристојни, а тоа е резултат на она што им било дозволено од минатата власт која се однесувала како слуга на Бугарија

Минумим пристуен треба да сте за кога ќе ви дојде некој на гости минимум пристојно да се однесувате.  Војни водат држави па кога ќе седна имало знамиња од двете страни , минимум пристојност е да ставите знаме на државата од која што доаѓа претседателот на државата, минимум човек да е нормален да го сработи . Домаќинот ниту е цивилизиран, слободно за ова нека пратат протесна нота, ниту е пристоен, рече Николоски во интервјуто на ТВ Алфа.

Ваквата ситуација, веројатно ги вознемири бугарските политичари оти Бугарија досега беше навикната на поттчинетиот однос од Македонија од претходната власт. Владата на СДСМ и ДУИ повеќе замижуваше , помалку реагираше на разни провокации и навреди кои доаѓаа од источниот сосед.