Реклама

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Економија

Николоски: Двата договори со Велика Британија целосно ќе ја трансформираат Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт во Владата, Александар Николоски во последното интервју…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт во Владата, Александар Николоски во последното интервју се осврна на постигнатиот договор со Велика Британија.

Она што можеби не е познато за јавноста, е дека Велика Британија ваков договор нема со никој во цела Југоисточна и Источна Европа, потенцираше Николоски додавајќи:

„Значи Македонија ќе е прва држава со која што Велика Британија ќе потпише договор за стратешка соработка и мислам дека тоа е една јасна политичка порака. Позицијата на Македонија како раскрсница на два паневропски коридори, коридорот 10 и коридорот 8, кои што се пресекуваат токму во Македонија е геостратешката положба која што ние треба да сме паметни и да ја искористиме и мислам дека на најдобар начин ја правиме со овој договор“.

Реклама

Николоски информираше дека со Велика Британија се постигнати два договори, едниот договор е за стратешко партнерство помеѓу Велика Британија и Македонија, а вториот како што рече е договор кој што е уникатен.

„Првиот е Договорот за стратешко партнерство кој што ги одредува политичките контури на соработката и во него има глобална соработка, соработка во делот на одбраната и безбедноста, соработка во делот на миграциите, во делот на реформите во правосудството, борба со организиран криминал и корупција, економска соработка и развој, млади, култура, образование, добро владеење и правосудство. Тоа е оваа политичка соработка и тоа е едниот договор. Вториот договор кој што е уникатен и кој што ќе е најголем договор, кој што Велика Британија во финансиска смисла го постигнала со било која земја од Европа, е договорот Влада со Влада, помеѓу Велика Британија и Македонија, кој што точно ги утврдува секторите на соработка и јасно вели во членот 1, дека ќе се воспостави партнерство за поддршка, да се испорачаат инфраструктурни проекти, проекти во здравството, проекти во транспортот, технологијата, енергијата и останатите критични сектори. Понатаму во членот 3 од истиот договор, се вели дека Владата на Обединетото Кралство, преку својот механизам, кој што се вика надворешно финансирање, става на располагање лимит од 5 милијарди фунти за Македонија, што во превод значи некаде околу 6 милијарди евра“, информираше вицепремиерот Николоски.

Според Николоски тоа е рамката која што ние можеме да ја користиме со ова партнерство.

„Но, она што е исто така за мене многу значајно, вели дека ќе се разменуваат и знаење и најдобри практики, кои што ќе ги носат кај нас, научници од Велика Британија, бизнисмени, луѓе од јавната администрација, луѓе од здравството, од образованието“, додаде Николоски.

Она што е важно е дека со овие договори Македонија ќе се трансформира.

„Значи овие два договори треба целосно Македонија да ја трансформираат и да ја однесат на едно друго ниво. Ова не е договор само како што денес беше прокоментирано, за позајмување или за кредит, ова е договор кој што Македонија треба целосно да ја трансформира како општество, треба целосно да ја трансформира како држава, со цел не само да се зголеми животниот стандард, туку и целокупно условите за живот се подобрат. Не случајно за старт ги одбравме двата најбитни сектори, едниот е транспорт и вториот е здравство, за кој што веќе имаме договори“, потенцираше Николоски.

Тој се осврна и на рамката на договорите.

„Во однос на рамката која што ја имаме, тоа е рамка која што е на неограничен временски период. Значи никој не вели до тогаш мора да ги искористите овие средства, и е рамка која што не значи дека сите средства ќе бидат искористени, туку соодветно на потребите кои што Македонија ги има. Во моментов имаме спремни проекти за некаде околу две милијарди фунти, што би било некаде околу 2,2-2,3 милијарди евра, и тоа се првите проекти со кои ќе стартуваме во периодот кој што е пред нас“, вели вицепремиерот Николоски.